Свет
15. December 2017 - 23:49

Во новите напади на јеменската армија загинаа десетина луѓе

Во денешните напади на јеменската армија врз градот Бејхан загинаа десетина луѓе.

- Армијата и нејзините сојузници денеска ги протераа бунтовниците Хути од градот Бејхан, еден од последните упориушта во јужен Јемен, изјавија воени и локални претставници.

Бејхан се наоѓа на околу 300 километри југоисточно од главниот град на Јемен, Сана. Градот е од голема важност бидејќи се наоѓа на големиот пат кој ја поврзува провинцијата Шабва со северната провинција Мариб, која е под контрола на Хутите.

- Ваквото напредување на војската значи дека Хутите се протерани од Шабва, изјави неименуван армиски извор.

Во судирите во Јемен помеѓу Хутите, поддржани од Иран и коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува официјалната Влада на Јемен, која е сместена во Аден, загинаа повеќе од 10.000 луѓе и има хуманитарна криза