Свет
17. December 2017 - 9:07

Во новата стратегија на Трамп, Кина е конкурент

 Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе ја објави новата национална безбедносна стратегија на САД заснована на неговата политика „Америка на прво место“ во која покрај другото, јасно ќе ја посочи Кина како конкурент, изјавија неименувани американски претставници.

Трамп неодамна го фалеше кинескиот претседател Си Џинпинг, но вио исто време бараше од Пекинг да го зголеми притисокот врз Северна Кореја поради нејзината ракетна и нуклеарна политика.

- На националната безбедносна стратегија, што Трамп ќе ја објави за време на говорот, не треба да се гледа како обид за ограничување на Кина, туку како на понуда јасно да се согледаат предизвиците што ги претставува Пекинг, изјавија тие.

Трамп ќе ги соопшти и надворешнополитичките приоритети и ќе ја нагласи посветеноста на политиката „Америка на прво место“ како јакнење на американската армија, споритставување на исламистичките екстремисти и меннување на трговските односи со цел САД да станат конкурентна економија.