Во Неготино објавен оглас за наградата „8 Ноември”
Општина Неготино денеска објави оглас за пријавување на кандидатури за највисоките општински признанија, во чест на денот на ослободувањето на градот, 8 ноември.
Како што информираа од неготинската локална самоуправа, признанијата се доделуваат секоја година, за постигнувања во одредени области од општественото живеење.
- Сите заинтересирани граѓани и институции од територијата на општина Неготино, можат да предлагаат кандидати за добитници на три признанија. Признание и награда “8-ми Ноември” и признанe “Почесен граѓанин на општина Неготино”. Можат да се предлагаат институции и физички лица, кои дале особен придонес во афирмацијата на општина Неготино и постигнале определени резултати во својата област, по која се препознатливи и тие и општината во која живеат, соопштија од општината.
Предлагачите пак, треба да достават и соодветно образложение, зошто одредени кандидати или институции се предлагаат за добитници на наградата или признанијата по повод празникот. Предлозите ќе бидат разгледани од страна на комисијата за награди и признанија при Советот на општина Неготино, а конечната одлука ја носат советнциите на редовна седница. Наградите ќе бидат доделени на свечена седница на 8. ноември.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та