Свет
6. April 2017 - 8:32

Во наводниот хемиски напад во Сирија загинаа 22 члена на едно семејство

Дваесет и две лица од едно семејство се меѓу убиените во наводниот хемиски напад во Сирија извршен во вторникот.

Според најновите податоци, бројот на загинати во нападот достигна 86 луѓе. Меѓу загинатите 30 се деца и 20 жени. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи десетици повредени се наоѓаат во тешка здравствена состојба.

Семејството Алјусеф е меѓу најзагрозените во нападот. Тие дале 22 жртви, меѓу кои има многу деца. Посмртните останки им се погребани во заедничка гробница.