Свет
26. јуни 2017 - 10:19

Во Мосул спречен бран терористички напади

Ирачките безбедносни сили спречија бран самоубиствени бомбашки напади на борците од т.н. Исламска држава, кај Стариот град во Мосул, соопшти ирачката војска.

Цел на нападите била населба западно од Стариот град, последното упориште на екстремистите во тој град.

Во меѓувреме, ирачките сили продираат подлабоко во Стариот град и го стегаат обрачот околу последните места кои се под контрола на џихадистите.

Потполковник Салем ел Обеиди изјави дека се ослободени 65 до 70 отсто од Стариот град и оти преостанува да се ослободи територија помала од еден квадратен километар. Според неговата проценка, во тој дел има уште „неколку стотина“ борци од ИД.

Генерал-полковник на Абдулвахаб ел Сади верува дека операцијата за ослободување на Мосул ќе биде завршена за неколку дена.

- Крајот ќе дојде многу брзо, за неколку дена, истакна тој.