Свет
22. February 2018 - 8:49

Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект

Најмалку 25 лица се повредени вчера при експлозија на траект во Мексико, соопштија локалните власти.

Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци.

Експлозијата се случила додека патниците излегувале од траектот во летувалиштето Плаја дел Кармен.

Засега не е позната причината за експлозијата.