Свет
6. October 2015 - 8:41

Во Медитеранот спасени повеќе од 1.800 бегалци

Повеќе од 1.800 бегалци се спасени во неколку операции во близина на либискиот брег во Средоземното Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Вкупно се спасени 1.830 луѓе кои се наоѓале во четири оштетени чамци и во уште два гумени чамци.

Во шест акции за спасување во текот на вчерашниот ден, учествувале три италијански бродови како и по еден брод од Британија и Ирска. Во оваа година повеќе од половина милион мигранти и бегалци дошле до Европа, а околу 2.900 ги загубиле животите на тој пат.