Во Маврово најстудено и со најмногу снег
Најстудено утринава е во Маврово каде што се измерени -3 степени, а висината на снежната покривка изнесува 21 сантиметар. Снег има и во Крушево околу 9 сантиметри.
Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, во Крушево се измерени -1 степен, во Лазарополе и Пожар 0, во Берово, Тополчани и Пожаране 1, во Претор и Крива Паланка 2, во Битола и Прилеп 3, во Охрид и Тетово 4, во Скопје, Штип и Виница 5, во Струмица и Демир Капија 6, Гевгелија.
Во последните 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија - 41 литар на метар квадратен, по што следува Маврово 27, Демир Капија со 26 литри, Струмица со 25, Пожар 24, Крушево 23, Пожаране со 22, Дојран и Битола со 14, Тополчани 13, Берово со 11, Тетово и Скопје Петровец 10, Штип 8.
За денеска се најавува облачно и посвежо време со локални и слаби врнежи од дожд, на планините од снег, особено во утринските часови. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер претежно од северен и северозападен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 13 степени.
Во наредните денови се очекува да преовладува променливо облачно време со локални, но послаби врнежи од дожд, додека од четврток се најавува покачување на дневната температура.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок