Во Маврово 68 сантиметри снег
Во Маврово утрово е најстудено, -20 степени, и има најмногу снег, 68 сантиметри.
Висината на снежната покривка е 49 сантиметри во Пожаране, 45 во Лазарополе, 35 во Тополчани, 28 во Тетово, 27 во Дебар, 24 во Крушево, 23 во Ѓуриште, 22 во Берово, 17 во Крива Паланка, 16 во Битола, 12 во Куманово и Демир Капија, 11 во Охрид и Претор, 10 во Штип, Прилеп и Виница, 9 во Струмица, 8 во Скопје Зајчев Рид и Скопје Петровец и еден сантиметар во Дојран.
Температурата е -18 во Лазарополе и Крушево, -16 во Ѓуриште, -15 во Тополчани, Пожаране и Берово, -14 во Дебар и Прилеп, -13 во Виница, Претор, Крива Паланка, Куманово и Тетово, -12 во Битола, Скопје Зајчев Рид, Охрид и Скопје Петровец, -11 во Штип, -10 во Демир Капија и Струмица, -9 во Дојран и -8 во Гевгелија.
До осум часот се наврнати три литри на метар квадратен воден талог во Маврово, два во Крушево, Претор, Д. Капија, Ѓуриште, Лазарополе, Пожаране, еден во Тетово, Битола и Дојран, нула во Гевгелија, Скопје, Прилеп, Виница, Кр. Паланка, Тополчани, Штип, Берово, Дебар, Куманово, Охрид, Струмица,
Според УХМР, утрово во земјава е облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб, а на планините и во источните делови врнежите од снег се со умерен интензитет. Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб интензитет, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од -10 до -3 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до -6 степени.
И утре ќе биде студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка