Македонија
23. April 2017 - 18:44

Во Македонија и денеска ледено: Дожд и ветер до крајот на идната недела

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 22 Гевгелија, 21 Д. Капија, 20 Струмица, 19 Битола, 18 Скопје-З.Рид, Скопје- Петровец, 17 Штип, Тополчани, Прилеп, 16 Тетово, 15 Охрид, 14 Претор, Пожаране, Берово, 13 Ѓуриште, Кр. Паланка, 9 Маврово, Лазарополе.
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот. Незначителни количини во Скопје, Ѓуриште, Пожаране, Кр. Паланка.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, а попладнево од север облачноста се зголеми и преовладува променливо облачно време. Во северните и североисточните делови имаше сосема слаби врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен, а во западните делови од западен правец. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладнево ветерот на места се засилуваше и дуваше со брзина од околу 50 до 70 км/час.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
 
Променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер, а условите за врнежи ќе се намалуваат. Во текот на ноќта ќе има делумно намалување на облачноста, а исто така и брзината на ветерот ќе се намалува.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во западните делови, каде е можна и изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кон крајот на денот ќе се промени во јужен.
Во Осоговско -Малешевскиот регион утринските температури ќе се спуштат под 0. Т- мин. од -3 до 6, а т-макс. од 14 до 21 степен.
 
Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Т-мин. 3, а т-макс. до 18 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер. Од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури.