Македонија
24. November 2017 - 10:51

Во Куманово поставени вештачки препреки за принудно намалување на брзината на возилата

На повеќе локации во Куманово се поставени сообраќајни вештачки препреки за принудно намалување на брзината на возилата. 

Вештачките препреки (лежечки полицијаци) се поставани во населбата „Карпош“ на улицата „100“ и во селото Долно Којнаре. Овие локации се потенцијална опасност за загрозување на безбедноста на пешаците.

- Веќе е во постапка одбележувањето на т.н. лежечки полицајци, изградени во фаза на реконструкција на овие улици и врз база на подготвените елаборати ќе бидат соодветно одбележани, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој потенцира дека и во 2018 и 2019 година, општината ќе продолжи со поставување на вештачки препреки за намалување на бризната на возилата, со цел постигнување поголема безбедност во сообраќајот во општината.

- Во овој момент се работи на подготовка на сообраќајни елаборати, изјави Димитриевски.

Во овој период се поставуваат и тротоари на улицата „Вук Караџиќ“, а претходно и на улицата „100“ во населбата „Карпош“. Деновиве, екипите работата и на изградба на паркинг на еден од краковите на булеварот „Октомвриска револуција“, со која им се излегува во пресрет на граѓаните од станбените единици во ова густо населена населба во Куманово.