Македонија
11. October 2015 - 16:21

Во Куманово одбележан Денот на востанието

Со пригодна свеченост нa Спомен Костурница во Куманово се одбележаа 74 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Пред споменикот цвеќе положија делегации од Собранието, од Владата, предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кабинетот на претседателот, армијата, полицијата, Сојузот на борци, локалната самоуправа, претставници на политички партии, училишта и бројни граѓани.

- Во виорот на најголемата катаклизма на 20 век во Прилеп и Куманово пукнаа првите востанички пушки против окупторот.  Тоа беше знак за почетокот на општо народното востание и показ на непокорот и на херојскиотм дух на нашиот народ за слобода. Излегоа два одреди Козјачкиот и Карадачкиот. Во текот на октомври тие беа разбиени од помоќниот бугарски окупатор. Факелот на слободарската борба со нив беше запален и во тек на војната следува низа други настани кои конечно доведоа до победа и ослободување на Куманово на 11 ноември 1944 година-изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Учесникот во НОБ, деведесетгодишниот Спиро Зафировски се потсети како на рана возраст тргнал да се бори против фашизмот.

-Откако отидов во партизани во август месец од тогаш сум партизан. Војувавме бев во Криворечкиот одред, потоа во Котрлк, и формираме одред, бидејќи таму не беше развиено востание. Таму отидовме и доведовме доброволно млади луѓе кои стапија во одредот-Спирко Зафировски.

Инаку во рамки на манифестацијата ученички од гиманазијата Гоце Делчев читаа поезија, а настапи и детскиот градски хор. Општина Куманово со низа други манифестации и свечености го одбележа овој ден.