Македонија
20. May 2016 - 15:38

Во Куманово одбележан Денот на пожарникарите

Кумановските пожарникари во просториите на ТППЕ Куманово денеска го одбележаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Од почетокот на годината досега ТППЕ Куманово интеревенирала на 90 пожари, информираше командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски, што е помалку во однос на интервенциите истиот период 2015-тата година.

- Добро сме екипирани. Имаме 51 вработен, што е значителен напредок во однос на претходните години кога имавме дваесетина луѓе помалку. Мислам дека со оваа бројка на луѓе успеваме навремено да интревенираме во кој било дел од општината, рече Илиевски. 

Во рамки на одбележувањето на Денот на пожарникарите, вчера во кумановската градинка „Ангел Шајче“ беше организирана тактичко показна вежба за евакуација на деца во случај на пожар.