-->
-->
Во Куманово до 17 часот гласале 42,44 проценти од граѓаните
-->
Излезеноста во Куманово до 17 часот, според податоците на ОИК Куманово, изнесува 42,44 проценти, соопшти претседателот на ОИК, Звонимир Николовски.
Во Куманово право на глас на овие избори имаат 92.639 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.
Во општина Липково, до 17 часот според податоците на заменик претседателот на ОИК, Оливера Цветковска гласале 8.700 гласачи или 34, 7 проценти.
Во оваа општина право на глас имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.
Во општина Старо Нагоричане до 17 часот гласале 50,09 проценти. Вкупно во оваа општина право на глас имаат 3.428 гласачи кои гласаат на 37 избирачки места, соопшти претседателот на ОИК, Драган Јовановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор