Македонија
22. November 2017 - 18:25

Во Крива Паланка собрани 72 единица крв

На крводарителска акција што се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров “ во Крива Паланка беа собрани 72 единици крв.

Акцијата ја организираше Општинска организација на Црвен крст Крива Паланка, во соработка со Институт за трансфузиона медицина Скопје.

Ова е втора акција месецов, на првата беа собрани 51 и денешните 72, вкупно во ноември се собрани 123 единици крв на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.

- Со гимназијата од градот редовно соработуваме и реализираме крводарителски акции, на кои, како и денес, голем број ученици за прв пат даруваат крв. Денес, над 70 отсто од вкупнито број учесници на акцијата, крв даруваа за прв пат. Ова е факт кој радува, зашто хуманото семејство на ниво на општината се зголемува се повеќе, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО на Црвен крст, Крива Паланка.

Со Годишниот план за акции за крводарување на кривопалаченката општинска организација на Црвен крст се проектирани 711 крвни единици, а заклучно со денешната акција, собрани се вкупно 896, со што годишниот план за крводарувања е натфрлен за над 25 отсто.