Во Крива Паланка собрани 70 единци крв
Собрани се 70 единици крв во крводарителската акција што денеска се одржа во Општинската организација на Црвениот крст-Крива Паланка.
Ова е прва акција во октомври на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, а се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.
- Денешната акција е една од најуспешните годинава, а особено е значајна поради тоа што со собраните единици крв денеска го реализиравме и натфрливме годишниот план за крводарувања. Со денешните 70 единици крв досега во 2017-та година имаме собрано вкупно 773 единица крв во двете општини, Крива Паланка и Ранковце, изјави Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвениот крст-Крива Паланка.
Со Годишниот план за акции за крводарување на кривопалаченката општинска организација на Црвениот крст се проектирани 711 крвни единици, а заклучно со денешната акција, планот е натфрлен за 9,8 отсто. До крајот на годината ќе бидат организирани уште четири акции.
На сите дарители кои денеска даруваа крв ќе им бидат направени и бесплатни биохемиски анализи.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК