Македонија
6. October 2016 - 19:13

Во Крива Паланка изложба „8 години тетараски фестивал“

На седумдесет фотографии, црно - бели и колор во градската уметничка галерија во Крива Паланка се изложени делата на Ѓорги Костовски од изложбата „8 години меѓународен театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски“.

Изложбата е дел од програмата за одбележување на празникот на Крива Паланка.

- Особена чест ми е денес надополнувајќи ги свеченотите по повод ослободувањето на општината да ја отворам изложбата која содржи фотографии од изминатите осум фестивалски изданија, на кои се одиграни над 70 претстави. Нашиот истакнат фотограф Ѓорги Костовски успеа да ги создаде уметничките фрагменти од целата досегашна тетараска магија, овде се изложени и придружните пропагандни амтеријали од фестивалот како и плакатите, чиј визуелен идентитет го креираше Стојанче Величковски, а од работилницата на годинашниот фестивал работена под менторство на Пепица Јаначковска-Стојчевска изложени се 30-тина веенцијански маски, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

Костовски рече дека изборот не бил лесен, а се потрудил да има по еден претставник од секоја театарска група од сите градови и држави кои учестувале на фестивалот низ годините.

- Еден дел се документарни фотографии кои мора да постојат како документ на едно време, додека уметничките фотографии се сами по себе уметност избрана да се претстави според самите актери извадени од контекст на целото дејство и односот со актерите во претставата, односот на субјектите во просторот, светлината и останати елементи важни за уметничката фотографија, истакна Костовски.

На изложените фотографии се претставени и актерите-лауреати на 8-те фестивалски изданија. Од ЛУ Градски Музеј, Крива Паланка потенцираа дека изложбата ќе биде отворена во следните 15 дена.