Во Кратово тренинзи „Нова генерација органски фармери“
Со првата дводневна обука која викендов ќе се одржи во Кратово, започнува серијата обуки за премин од традиционално кон сертифицирано органско производство на храна, во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“, што здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ“ од Крива Паланка го имплементира со здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Бугарија.
Проектот се реализира со средства од ИПА Програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
- Обуките на тема нова генерација органски производители следува по претходно имплементираното роад-шоу што караванот ЕГРИ-НИЕ го спроведе во неколку градови од пограничниот регион Бугарија-Македонија. Обуките ќе ги спроведат експерти од земјоделските факултет од Скопје и Софија, одговорни за сертифицирање на органски производители на храна, информира Андирана Ивановска-Давитковска, проект менаџер од ЕГРИ, Крива Паланка.
Учесници на обуките ќе бидат дваесет локални производители -земјоделци.
- Тренингот ќе го проследат по десет земјоделци од двете страни на границата кои пројавија интерес за тоа и беа селектирани од страна на проектниот тим. Тема на обуката ќе биде „Премин од традиционално кон органско производство, сертификација и маркетинг на органски продукти, додаде Ивановска-Давитковска.
Обуките ќе се спроведат во три дводневни сеси, по што ќе следи студиска посета на успешни органски фарми во регионот.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс