Македонија
14. October 2017 - 14:03

Во Кратово гласаат 103 болни и изнемоштени лица

Според информациите од општинската изборна комисија во Кратово, денеска избирачкото право го остваруваат вкупно 103 болни и изнемоштени лица од општината.
 
- Сите активности на комисијата течат беспрекорно. Материјалите се распоредени по избирачки места, а на време пристигнаа и лицата од избирачките одбори кои вршат посета на домовите на вкупно 103 лица на кои им беше одобрено да гласаат од дома како болни и изнемоштени лица, изјави Марија Петковска, претседател на ОИК Кратово.
 
Денеска во оваа општина гласа и едно лице кое издржува затворска казна.
 
Во Кратово има вкупно 37 избирачки места на кои правото на глас на овие локални избори ќе го остварат 8282 граѓани.