Македонија
27. November 2015 - 17:35

Во која вистина верува лидерот на СДСМ?

Додека дома за тесно партиски интереси тврдеа дека кумановските настани се сценарио, надвор Заев и СДСМ признаваат дека Македонија во Диво насеље се соочила со сериозна терористичка група како онаа од Париз. Лидерот на СДСМ уште еднаш плукна на своите ставови овој пат на меѓународна конференција во Словенија. По повеќе месечната кампања против власта и антидржавните напади поврзани со настаните во кумановско, Заев со потврда на се она што уште во мај гоиднава го зборуваше власта.

По настаните во Диво насеље за кои Заев сега вели дека биле организирани од сериозна терористичка група, лидерот на СДСМ не ги псоети семејствата на загинатите бранители ниту припадниците на безбедносните сили кои беа повредени во акцијата за неутрализирање на терористите. Сосема спротивно, Заев го посети Диво насеље и во добро расположение се фотографираше со жителите.

Во континуитет даде повеќе изјави со кои се фрлаше сенка на акцијата а опозицискиот блок иницираше и отворање на меѓународна истрага поради сомневања за исценирање на кумановските настани.

Еден од најскандалозните ставови за акцијата во Куманово дојде токму од портпаролот на СДСМ. Додека македонските специјалци војуваа со терористите тој на фејсбук напиша статус во кој се исмеваше со трагичните настани..

- „Како мал не му давале да си игра #камај, па сега мора тоа да го изживее. Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат. Тогаш на фатениот му се викаше #жив...", напиша Шилегов по борбата на полицајците со групата за која Заев вели дека е еднакво сериозна како онаа од Париз.

И поразениот претседателски кандидат на СДСМ Стево Пендаровски излезе со скандалозно тврдење за бугарска информативна агенција.

- Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владеачката коалиција на премиерот Груевски – рече Стево Пендаровски во изјава која ја пренесе Либертас.

Пред само две недели по назначувањето на новиот технички министер за внатрешни работи повеќе опозициски лидери побараа од Спасовски да отвори меѓународна истрага за настаните од Куманово за како што рекоа да се утврди кој е нарачателот на овие случувања.

Настаните во Куманово се случија во екот на опозициските протести пред владата.  И покрај сериозната закана по безбедноста на државата агендата на опозицијата не беше променета - голем дел од безбедносните сили и натаму беа ангажирани за обезбедување на настаните на СДСМ  меѓу другото и за големиот митинг кој се одржа само 7 дена по крвавите настани  и не беше одложен и покрај заканата од тероризам. 

За разлика од настаните во Париз каде загинаа над 130 лица, макеоднските безбедносни сили со акцијата во Диво насеље целосно спречија терористичката група да предизвика цивилни жртви. Неофицијалните информации говореа дека биле планирани големи напади во главниот град меѓу кои и напад на камениот мост и еден голем трговски центар.