Свет
18. November 2017 - 11:36

Во коалициската платформа на германската влада се споменува и Западен Балкан

„Дојче веле“ објави дел од предложената платформа за формирање на германската влада, каде новите коалициски партнери го споменуваат и Западен Балкан. 

Во текстот, се нагласува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со констатација дека способноста за прифаќањето и пристапот се поважни од брзината на пристапувањето. 

„Дојче веле“ наведе дека станува збор за документи врз чија основа Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, нејзината сестринска Христијанско-социјална унија (ЦСУ),  Партијата на слободните демократи (ФДП) и Зелените, треба да зборуваат за формирањето на новата коалициска влада.