Свет
22. January 2017 - 12:36

Во Кина формиран Инвестициски фонд за интернет комуникации со активи од 14,5 милијарди долари

Кинеската Влада соопшти дека формира Кинески инвестициски фонд за интернет комуникации со активи вредни 100 милијарди јуани (14,5 милијарди долари). Во Пекинг денеска имаше церемонија по повод формирањето на новата финансиска институција.

На неа учествуваа претставници од Министерството за финансии на Кина и државни органи кои се задолжени за контрола над интернетот. Со новата органзиација се очекува да биде создаден и високотехнолошки и безбеден интернет што ќе одговара целосно на пазарниот развој, наведуваат кинески медиуми.

Според Кинескиот информациски центар за интернет, бројот на регистрирани корисници на интернет во Кина е 731 милион луѓе, што е колку и населението во цела Европа.  Таа цифра означува дека 53 отсто од жителите на Кина имаат пристап до интернет.