Македонија
22. March 2017 - 19:28

Во Кичево протестен марш на „За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.

Повторно беше упатена пораката за унитарна Македонија, но беше искажана и јавна благодарност, како и поддршка до преседателот Ѓорге Иванов.

- Иванов во овие тешки моменти за нашата земја покажа и докажа како треба исправно да се постапува кога е загрозена државата. Целта на протестниот марш е да упатиме порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани без прифаќање платформи создадени во туѓи држави., рече Даме Силјаноски од името на Иницијативата.

Протестот заврши со мирен марш низ улиците на Кичево.