Македонија
23. March 2017 - 21:02

Во Кичево мирен протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

- Силата на македонскиот народ кој се обединува е се поголема. Цврство стоиме на ставот за заедничка Македонија и нема место за делби по никакви основи. Сите што сакаат да си поигруваат со државните и национални интереси им порачуваме дека нема да им помине. Овој народ е обединет, народот ја препозна намерата и нема да дозволи разнебитување на нашата држава, во неа има место за сите нејзини граѓани, рече Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива. 

Повикуваме на сплотеност и на разум, нагласи Силјаноски и додаде оти никој не може против народот.

Мирниот протестен марш продолжи низ улиците на градот.