Во кавадаречко Чемерско ќе се гради одморалиште за пензионери
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов најави дека како резултат на грижата на општината за селските месни заедници, ќе се гради одморалиште за пензионери во Чемерско. Овие денови ќе биде ставен камен темелникот на објектот, во кој ќе може да одмораат лица од третата доба.
- Неодамна набавивме дополнително црево за месната заедница Бохула со што дополнително се дотура вода, иако и без тоа водоснабдувањето таму е стабилно веќе неколку години. Исто така повторно со помош на Владата, завршивме со канализационата мрежа, еден поголем проект. Таму каде што имаше ја реновиравме, а ја направивме таму каде што немаше. Комплетно е завршен проектот во делот на подземната инсталација во селото Бохула, информираше градоначалникот.
Панов соопшти дека во селата Крњево и Чемерско како и секоја година, се инвестира во планирани проекти кои најчесто опфаќаат поставување на бекатон коцки.
Ново на Сител
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто