Македонија
18. July 2017 - 20:30

Во Кавадарци крв даруваа припадници на полицијата

Во Кавадарци денеска беше реализирана редовна крводарителска акција, a крв даруваа припадниците на полицијата​ од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци и Регионален центар - Југ, гранична полиција.

Беа собрани 23 крвни единици.

- Акцијата беше спроведена во соработка на Црвен крст Кавадарци и Републички институт за трансфузиона медицина Скопје, ПС-ОН Кавадарци и гранична полиција РЦ југ, рече Димитар Каракулев, претседател на Опптинската организација на Црвен крст, инаку инспектор за превенција, кој и самиот даруваше крв.