Македонија
17. August 2015 - 15:07

Во касарната во Велес одбележан Денот на АРМ-18 август

Во војничкиот клуб во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска беше одбележан Денот на АРМ-18 август.

Командантот на командата за обука полковник Љупчо Костовски, честитајќи им го празникот на сите припадници на АРМ и граѓански лица на служба во АРМ, потсети дека е создадена армија според човечките и материјаните можности на граѓаните на Република Македонија.

- Таа е институција во која народот има најголема доверба, потенцира полковник Костовски.

Тој потсети дека Командата за обука и доктрини–КОД претставува расадник на индивидуално оспособен персонал за новите предизвици.

- Од годинава во овој Центар, АРМ во Велес има модерен систем за обука и едукација, чии капацитети ќе можат да ги користат и други агенции, установи и институции надвор од Министерството за одбрана, потсети полковник Костовски.

Традиционално по повод Денот на АРМ, на свеченоста беа доделени повисоките чинови и наградите и пофалниците на припадници на АРМ и граѓанските лица на служба во АРМ во велешкиот гарнизон.