Македонија
4. July 2015 - 19:29

Во јуни месец уапсени 12 дилери на дрога во рамки на акцијата ,,Мрежа‘‘

12 дилери на дрога се заплеткаа во “Мрежа”. Оперативната акција на министерството за внатрешни работи постојано се полни со нови лица поврзани со продажба на наркотици во Македонија. Екстази, ЛСД, амфетамин, хероин, марихуана, се дел од наркотичните супстанци запленети во последната акција. Пријавените се движат на возраст од 26 до 46 години а дел од нив досега биле кривично пријавувани.

-Четворица од пријавените се улични дилери, двајца на синтетички дроги и наркотична дрога-марихуана, а двајца на наркотична дрога-хероин кои и претходно се кривично пријавувани за недозволена трговија со дрога, изјави Дејана Недељковиќ - портпарол на МВР

Дека минатиот месец министерството имало полни раце работа говорат и трите кривични дела за недозволена трговија со оружје.

-Пронајдени се една автоматска пушка „АК-47“ со 29 куршуми калибар 7,62х39 мм, еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 и 92 парчиња пиштолска муниција калибар 9 мм, изјави Дејана Недељковиќ - портпарол на МВР

Во акцијата “Мрежа” која подолг период наназад ја спроведува министерството за внатрешни работи со цел сузбивање на трговијата со наркотици досега паднаа околу 180 дилери а запленети се повеќе од половина тон различни опојни супстанци.