Свет
18. April 2017 - 19:08

Во Јемен при пад на хеликоптер загинаа 12 саудиска војници

Дванаесет саудиски војници, меѓу кои четворица офицери загинаа при пад на хеликоптер во Јемен.

Хеликоптерот „Блек хок“ на саудиската армија се урна за време на операција во провинцијата Мариб источно од Сана.

Според телевизија „Ал Мајдин“ хеликоптерот бил соборен од бунтовниците.

Портпаролот на коалицијата генерал Ахмед Асири изјави дека е премногу рано да се утврдат причините за падот на хеликоптерот.

Саудиска Арабија од март 2015 година ја предводи арапската коалиција, која се бори против бунтовниците Хути.