Бизнис
24. March 2017 - 12:48

Во јануари 79 отсто од струјата обезбедена од домашни извори

Во Македонија во јануари годинава вкупно се потрошени 914.376 МWh електрична енергија, 54.214 мил. нмприроден гас, 586 412 тони јаглен и 77 141 тони нафтени продукти, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествувало со 79% во бруто-домашната потрошувачка, додека 97.8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.