Во Италија усвоен закон за забрана на фашистички симболи
По низата инциденти, Претставничкиот дом на италијанскиот Парламент изгласа закон со кој се забранува јавно прикажување на фашистички и нацистички симболи.
Законот, што доцна синоќа беше изгласан, предвидува затворска казна од шест месеци до три години за фашистичко или нацистичко салутирање и поздравување, продавање на фашистички и нацистички сувенири или пропагирање на интернет.
За законот да стапи во сила треба да биде изгласан и во Сенатот.
Законот е усвоен по низата инциденти што се случија ширум Италија. На пример, во една слаткарница во јужна Италија се рекламираше колач на Хитлер, додака неофашистичката партија Форца Ноува (Нова сила) подготвува прослава за 95-годишнината од Маршот на Рим на фашистите на Бенито Мусолини.
Десничарските пратии, вклучително и Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, се спротиставија на законот со образложение дека е закана за слободата на говорот.
И популистичкото движење Пет ѕвезди исто така е против, тврдејќи дека е подобро да се прошират посточеките закони против говорот на омраза.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто