Свет
12. September 2017 - 20:35

Во „Исламска држава“ има околу 2.500 борци од Европа

Координаторот на Европската унија за борба против тероризмот Жил де Керчов тврди дека во редовите на т.н. Исламска држава има околу 2.500 борци од Европа.

Во интервју за германскиот весник „Велт“ тој наведе дека во терористичката организација претходно имало околу 5.000 борци од Европа, распоредени во Сирија и Ирак. Де Керчов прецизираше дека околу 1.500 припадници на ИД се вратиле во своите домови, а околу 1.000 се убиени.

Според официјалните проценки на САД, околу 13.000 борци на „Исламска држава“ се наоѓаат во Сирија и во Ирак.