Македонија
14. February 2018 - 13:28

Во интернет кафе во тетовско Милетино нелегално се приредувале игри на среќа

При увид во интернет кафе во тетовското село Милетино во сопственост на Д.Ј.(51) од истото село полициски службеници од СВР Тетово вчера пронашле и со потврда одзеле три покер апарати на кои нелегално се приредувале игри на среќа.

Увидот, како што информира МВР, бил спроведен о периодот од 21 до 23 часото по претходно добиени сознанија дека на нелегален начин се организираат игри на среќа.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.