Свет
16. January 2016 - 15:56

Во Индонезија посмирено, се враќаат и странските туристи

Состојбата во Индонезија, по бомбашкиот напад во центарот на Џакарта во четвртокот, се смирува.

Покрај вестите за обемната полициска акција за откривање на терористите, денеска стигнаа и потврди дека странските туристи не ги откажуваат аранжманите.

Денеска полицијата и официјално соопшти дека во терористичкиот напад на радикалните муслимани, инспирарани од Исламската држава, загинале седум лица, а повеќе од 20 се ранети.

Во полициски акции вчера и ноќеска се уапсени 12 лица за кои има сознанија дека биле дел од терористичката акција или биле откриени во подготовки на нови напади.