Свет
13. January 2018 - 22:01

Во Индија потона траект со ученици

Индиски ферибот, кој превезувал деца од училишна возраст потона во Арапското Море, при што двајца ученици се удавија, а шестмина се сметаат за исчезнати, соопшти денеска полицијата.

Полицијата соопшти дека 32  деца биле спасени по несреќата што се случи пред брегот на индиската држава Махараштра.

Официјални претставници на индиската крајбрежна стража соопштија дека продолжуваат со потрагата во морето, користејќи авиони, хеликоптери и бродови.