Во ИД има 120 албански државјани, годинава не заминал ни еден
Во изминатите десет години најмалку 120 албански граѓани се прклучиле кон терористичката Исламска држава, а на боиштата,пред се во Сирија, се убиени повеќе од дваесет.
Овој податок е изнесен на Форумот „Граѓанскиот сектор против насилниот екстремизам“одржан во северниот албански град Скадар,на кој посебен акцент беше ставен на законските прописи и начинот како да се идентифкуваат екстремистите.
- Благодарение на законските иницијативи,годинава во Сирија не заминал ниеден наш граѓанин.Но,фактот дека сега нема, 8не треба да значи дека нема да има подоцна. Ангажраноста на сите повикани е неопходна. Потребни се посебни програми и политики, -изјави Клејда Нѓела од албанскиот хелсиншки комитет.
Според неа проблем и понатаму е третирањето на овие лица,посебно на лицата кои се вратиле од боиштата,но и на нивните семејства.
Албанија има усвоено национална статегија за борба против насилниот екстремизам а лани усвои и закон со кој се забранува учество во странски војски а за албанските државјан кои учествуваат во нив предвидена е казна затвор во траење до 15 години.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите