Свет
23. May 2017 - 10:51

Во Хомс експлодира автомобил-бомба, кај Дамаск владината армија уништи втор, соопшти државната телевизија

Автомобил-бомба експлодира во градот Хомс, а владината армија уништи уште еден, со експлозиви наполнет, автомобил во близина на шиитското свето место Саједа Зејнаб, јужно од Дамаск, соопшти сириската државна телевизија, цитирана од британските медиуми.

Дописникот на државната телевизика од Хомс соопшти дека во експолизијата загинале две лица и 15 се ранети.

Нема информации за жртви во експлозијата во Саједа Зејнаб, но, според сириските државни медиуми, во уништениот автомобил имало две лица.