Во Грција заглавени околу 20 илјади бегалци и мигранти
Во моментов во Грција има околу 20.000 заглавени бегалци и мигранти, додека нивниот број на граничниот премин Идомени со Македонија алармантно се зголемува и приемниот камп го достигна својот капацитет, објави грчкото Министерство за миграциска политика.
Според Министерството, центрите за прием во Атика се преполни. Вкупно 2.000 луѓе во моментов престојуваат во кампот поставен во поранешните олимписки објекти во Елинико, 1.200 во центарот во Елеонас, 1.200 во Схисто и 1.150 чекаат на пристаништето Пиреја. Денеска во Пиреја пристигнале уште 437 мигранти. Во центарот за прием во Диавата, Солун, има 2.000 мигранти и бегалци.
Во Идомени, каде што нема повеќе слободен простор, има 4.000 луѓе кои чекаат да влезат во Македонија, додека на бензинска станица во Поликастро, чекаат уште 1.500 мигранти. Во меѓувреме, десетици бегалци пеш се упатуваат кон Идомени, јави дописникот на МИА од Атина.
Во исто време, на грчките острови во Егејското Море продолжуваат да пристигнуваат се повеќе бегалци и мигранти. На Родос, Кастелоризо, Лерос и Кос има 482 бегалци и мигранти, од Лезбос чекаат да заминат на копно 1.766 луѓе, а 498 чекаат регистрација на Хиос.
Повеќе илјади мигранти и бегалци нашле засолниште во различни градови низ Грција по должината на трасата кон север, и се сместени во кампови и затворени спортски сали.
Многумина од нив ги игнорираат советите на полицијата и пеш се упатуваат кон граничниот премин Идомени, па така по должината на автопатот Игнација се забележуваат стотици бегалци и мигранти кои со своите семејства се обидуваат што поблиску да стигнат до границата, а потоа и до нивната крајна дестинација.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанец ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец