Балкан
20. October 2017 - 15:30

Во Грција уапсен Сириец осомничен за поврзаност со ИД

 Во Грција е уапсен бегалец од Сирија, осомничен за врски со групата Исламската држава, откако неговата сопруга и се пожалила во полиција дека ја тепа и дека е приврзаник на џихадистите.

Сириецот (32) бил уапсен вчера во Александруполис, во близина на турската граница, во североисточниот дел на Грција, каде што побарал азил.

Во тек е полициска истрага за да се утврди дали осомничениот учествувал во терористички активности надвор од Грција и на кое ниво. ј