Балкан
25. February 2018 - 10:29

Во Грција се уапсени две лице поради криумчарење на мигранти

Грчката полиција соопшти дека уапсила две лица кои превезувале 14 Сиријци без документи, меѓу кои и осум деца. 

Уапсени се 21-годишен Сириец и 24-годишен Ирачанец. 

Лицата се уапсени во близина на грчко-турската граница. 

Криумчарите ги презеле Сиријците кога преминале на грчката територија и ги превезувале во мало комбе.