Балкан
29. August 2016 - 10:03

Во Грција покрената истрага за напад на полицаец врз бегалец при спасувачка операција

Грчкиот министерот за поморска трговија Теодорос Дрицас и началникот на крајбрежната стража Стаматис Раптис наредиле де се спроведе истрага, откако на Интернет се појави видео во кое се гледа како припадник на крајбрежната стража напаѓа бегалец.

Во видеото, кое е поставено на „Дејлимоушн“, сe гледа како припадник на грчката крајбрежна стража псуе бегалец и го удира по грбот, за време на операција за спасување.