Балкан
21. March 2016 - 11:55

Во Грција има повеќе од 50 илjади бегалци и мигранти

Во Грција во моментов има вкупно 50.411 мигранти и баратели на азил, соопшти официјална Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според последните податоци објавени денеска, во северна Грција има 28.593 мигранти и бегалци, во Атика 13.711, 5.538 се на островите, а останатите се насекаде низ земјата.

Во меѓувреме, не стивнува приливот на нови бегалци и мигранти, па така само вчера на Лезбос, Хиос и Самос пристигнале преку 1.500 бегалци.

Вп Пиреја денеска пристигнаа два фериботи со околу две илјади бегалци и мигранти од Лезбос и Хиос.