Македонија
18. March 2016 - 16:28

Во Грција и натаму реакции што Музала и Оланд ја условија нашата земја со Македонија

,,Владата мора да одговори зошто во заедничка изјава по средбата Ципрас-Оланд стои името Македонија‘‘, побараа од грчкиот премиер пратениците од Нова демократија, откако во заедничката декларација по средбата во Париз е употребено уставното име на земјава и истото беше презентирано од францускиот Претседател Оланд.

,,Да избегнуваме обврски за Грција, како што се случајот сега, да ги враќа илјадниците бегалци преку границата помеѓу Македонија и Грција, во неподносливи услови и за луѓето и за Грција‘‘, изјави по средбата Оланд.

Кабинетот на Ципрас, пак тврди дека грчкиот премиер по минатонеделната средба со францускиот претседател не потпишал заедничка изјава во која стои уставното име на Македонија, и дека текстот е само транскрипт од изјавата на Оланд после состанокот со лидерите на европските социјалдемократи.

Но, проблемите во владината коалиција, по употребата на името Македонија од страна на министерот Јанис Музалас, не запреа на барањето негова оставка, иако партнерите ,,Независни Грци‘‘ и СИРИЗА наводно се согласиле да ги надминат разлики.

Имено, во медиумите денеска е пласирано видео од гостувањето на лидерот на АНЕЛ Панос Каменос во ТВ дебата на 25 јануари во која зборувајќи за лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, три пати ја ословува земјава со Македонија, а за тоа никој не побарал негова оставка од министер за одбрана.

,, Неговите позиции изнесени досега како пратеник се ,,Да‘‘ за планот на Анан (план на Анан за решавање на спорот за Кипар), и ,,Да‘‘ за изнаоѓање КОМПОЗИТНО ИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА‘‘, рече Каменос.

Прототема оди подалеку тврдејќи дека Каменос дури и по вчерашниот состанок на партијата за судбината на Музалас, земјава ја нарекол Македонија.

,, Го покренуваме прашањето за доверба на Музалас, не за неговата личност, туку за тие што пробуваа и за жал добија потврда, етнонихилистите кои најдоа можност да изградат позиција за ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА‘‘, изјави Каменос.

Во истиот контекст, грчки Катимерини во коментар констатира дека 26 годишниот спор за финалното име на ФИРОМ, име фосил и ехо на изгубена земја, денес единствено се слуша во Грција и во понекој официјален документ на меѓународните организации, а сите останати со години го користат името ,, Македонија‘‘.