Македонија
6. August 2016 - 19:05

Во Градско ќе бидат реконструирани шест улици

Се подобрува комуналната инфраструктура во општина Градско. Идната недела, локалната самоуправа почнува со реконструкција на шест улици. Нивната вкупна должина изнесува околу 1.000 метри. Асфалтирањето на локалната патна мрежа се прави по барање на жителите.

- Нормално дека треба оваа улица да се асфалтира како и сите други. Ова е потребно особено за младите мајки кои ги туркаат количките со деца, но треба за сите други жители.

Изведбата на градежните работи за реконструкција на улиците во Градско ќе чинат над 13 милиони денари. Парите се обезбедени преку ИПА фондовите на Европската Унија. Со овој буџет е предвидено да се реализираат проекти и во населеното место Виничани.

Инаку токму по барање на граѓаните, деновиве се реконстуира и патот Градско - Росоман - Дреново. Се поставува асфалт на делница долга 12 километри. За оваа намена се инвестирани 70 милиони денари.