Македонија
11. October 2017 - 17:37

Во градот – херој, Прилеп одбележан Денот на антифашистичката борба

 Со полагање венци и свежи цвеќиња на Могилата на непобедените и пред спомениците на паднатите борци, бројни високи државни делегации, меѓу кои и претседателот на државава Ѓорѓе Иванов, како и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, херојски Прилеп денеска го одбележува големиот национален празник - Денот на македонското народно востание.

 Чествувањата на црвениот “11-ти Октомври”, градот првоборец ги збогати и со бројни културно-уметнички настани: изложби, Килимијада, “Кар шоу”.

Инаку, традиционално, Прилеп празничните чествувања ги започна синоќа со импровизираниот напад на градот и на некогашниот Бугарски затвор - Участакот, како и со спектакуларниот огномет и богатата музичка програма на Камената бина во центарот на градот.