Македонија
2. December 2015 - 13:52

Во Гостиварско со акцијата Ден на дрвото ќе се засадат 40 илјади садници црн бор

Ученици, припадници на армијата, вработени во јавната администрација и ЈП Македонски Шуми- подружница Шар, ја започнаа акцијата Ден на Дрвото во општина Гостивар. Денес, организрано се засадуваше во атарот на селото Вруток, во месноста „Краста“. 

- Со оваа акција предвидено е да се засадат околу 40 илјади садници на црн бор на површина од осум хектари, рече Форе Милошески раководител на поддржницата Шар-Гостивар.

Како поддршка на акцијата, локалната самоуправа по улицата „Седек Костоски“ и на други локации се вклучи со засадување на околу 200 садници, добиени како донација.