Македонија
16. November 2017 - 13:25

Во Гевгелиско од врнежите нема опасност од поплави, од одрони затворени неколку локални патишта

Поради обилните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките и одводните канали, гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков денеска одржа состанок со оперативниот штаб на кој приуствуваа раководителите на општинските одделенија, претставници на ТППЕ Гевгелија, јавното комунално претпријатие и претставници на регионалниот ЦУК на кој беше констатирано дека и покрај зголемениот водостој состојбата будно се следи и засега нема опаснот од излевање на водата.

Поради одрони затворен за сообраќај е локалниот пат Негорци-Серменин каде надлежните екипи се упатени на терен и веќе работат на расчистување на одроните кои ги има и на локалниот пат кон планинското село Ума.

Комуналните работници, како што беше речено, се ангажирани на расчистување на сливниците, а од ТППЕ соопштија дека досега од нив не е побарана интервенција.

Од сите присутни на состанокот градоначалникот Поцков побара воведување дежурни комунални служби, будно следење на состојбата и превентивно делување со оглед дека е најавено продолжување на врнежите.

Во Гевгелија во текот на изминатите 24 часа се наврнати 96 литри на метар квадратен