Во Гевгелија излезноста до 17 часот 63,3 проценти
До 17 часот на 37 избирачки места во општина Гевгелија, правото на глас на локалните избори го искористиле 12.288 граѓани или излезеноста изнесува 63,3 отсто, соопштија од ОИК Гевгелија.
Во општина Богданци до 17 часот на 12 избирачки места регистрирана е излезеност од 58,48 отсто, поточно својот глас го дале 4.021 граѓани запишани во единствениот избирачки список.
Приближна излезеност соопшти и ОИК Валандово од каде потврдија дека до 17 часот таа изнесува 57,84 отсто или дека на 24 избирачки места на гласање излегле 5.854 граѓани на општина Валандово.
На осумте гласачки места во Општина Дојран до 17 часот гласале 1.738 граѓани што изразено во процент изнесува 63,13 отсто.
Во четирите општини од овој регион до овој момент локалните избори се одвиваат достоинствено без регистрирани нерагуларности.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок