Свет
23. јуни 2017 - 9:55

Во Германија укинати пресудите за хомосексуалците

Германскиот парламент изгласа укинување на пресудите за 50.000 геј мажи, осудени поради хомосексуалност врз основа на закон од времето на нацизмот, а кој останал во сила и после војната. Истовремено со укинувањето на пресудите, на оштетените им е понудена компензација.

После повеќе децении лобирање, оштетените и активистите за човекови права ја поздравија оваа одлука како триумф во борбата да се отстрани срамното обележје од имињата на хомосексуалците, кои имале криминално досие врз основа на членот 175 од Кривичниот закон.

Се проценува дека околу 50.000 геј мажи се осудени според овој закон, а околу 5.000 од нив се се уште живи.

Парламентот им понуди на оштетените компензација од 3.000 евра, плус дополнителни 1.500 евра за секоја година помината во затвор.