Свет
24. January 2017 - 17:45

Во Германија постои опасност од терористички напад со хемиски средства

Германската влада по нападот на божикниот маркет во Берлин издала предупредување според кое земјата се соочува со висок ризик од терористички напад во кој би се користеле хемиски супстанци, а чија цел би биле системи за дистрибуција на вода за пиење.

Според весникот „Билд“, чии новинари имале пристап до предупредувањето на владата, нападот можат да го извршат обучени сотрители мотивирани од радикалниот ислам кои што имаат пристап до високо отровни хемиски супстанци, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Германската влада со документот упатува барање до германската армија, агенциите за разузнавање и службите за итна помош да бидат подготвени за хемиски напад кој што според властите е „реална опција“.

„Одлучни добро увежбани терористички групи најверојатно имаат пристап до високо отровни хемиски сипстанци со намера да спроведат напад. Напаѓачи мотиврани од исламот се способни да набава и да употребат голеам количина на хемикалии“, се вели во извештајот подготвен од владата и федералната полиција со цел да го анализира нивото на закана за цивилната популација.

Покрај водата за пиење според извештајот постои висок ризик и од напад на терористички организации на идустриски хемиски постројки. Во заклучоците на извештајот се вели дека германските вооружени сили повеќе од било кога се подготуваат за ваква разврска на настаните во земјата.

Предупредувањето од германската влада доаѓа еден месец откако во Берлин во напад со камион загиннаа 12 луѓе а 48 беа повредени. Напаѓачот Анис Амри кој е туниски државјнанин им бил добро познат на германските служби за безбедност кои и покрај тоа не успеаа да го превенираат нападот кој отвори низа дилеми за ефикасноста на германските служби.

Во изминативе години западните служби и Русија во неколку наврати споменуваа дека Исламската држава има капацитети за извршување на хемиски напади. Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) пред две години предупреди дека терористичи групи произвеле и складирале опасни хемиски гасови во складишта во Ирак и Сирија.